
септември 13, 2025
Обука по прва помош
По повод Денот на првата помош, волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на 11.09.2025 го посетија Сојузот на извидници на Македонија, каде одржаа едукативна сесија со предавање и практични демонстрации од областа на првата помош. Присутните извидници имаа можност да се запознаат со основни постапки при безсознание, запирање на крварење, имобилизација при скршеници и третман на изгореници, како и да вежбаат дел од техниките. Активноста се реализира успешно, со голема заинтересираност и активно учество на извидниците, а воедно се зајакна и соработката помеѓу ООЦК Центар и Сојуз на извидници на Македонија.
