октомври 25, 2013

Обука по прва помош во рамките на проектот за „Подобра социјализација на деца со посебни потреби“

Во рамките на проектот ,,Подобра социјализција на деца со посебни потреби” поддржан од Комерцијална банка, Општинската организација на Црвен крст Прилеп го организираше вториот дел од обуката за прва помош наменета за семејствата со деца со посебни потреби. Потребата од спроведување на ваква обука произлезе од теренската посета на семејствата со посебни потреби која што беше спроведена минатата година во рамките на овој проект.

Благодарение на континуитетот на овој проект се изврши мапирање на проблемите и потребите со кои се соочуваат овие семејства и овозможи да се излези во пресрет на истите. Во рамките на оваа обука беа опфтени 10 семејства кои што добија и сертификати за прва помош. Во текот на оваа обука беа опфатени конкретни случаеви кои што беа изнесени од семејствата, произлезени од нивното секојдневие и предизвиците кои тоа ги носи во однос на децата со посебни потреби. Општинската организација на Црвен крст Прилеп постојано работи со оваа целна група со цел да се унапреди развојот кај овие деца и да се постигне подобра социјализација во опшеството.

 

< врати се назад