
април 20, 2022
Обука по Прва помош во соработка со Здружение на Студенти на Медицина (ЗСМ)
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на 19.04.2022 во периодот од 14 до 16 часот во просториите на Медицинскиот факултет, реализираше обука наменета за студентите на медицина. На обуката, учество земаа вкупно 18 студенти, членови на Здружение на Студенти на Медицина/ЗСМ.
Предавањето се одвиваше со практични примери и се обработија теми како што се прва помош во импровизирани услови и со прирачни средства. Темите кои се обработија се: поставување во странична положба на повреден, срцевобелодробно оживување, начини на обезбедување на дишен пат и сопирање на обилни крварења.



