
декември 22, 2020
Обука по прва помош за родители на учениците од ООУ “Димитар Миладинов”
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“, на ден 21.12.2020 година во периодот од 18 до 19.30 часот спроведе освежителна обука по прва помош на родители на учениците од ООУ “Димитар Миладинов”.
Учесниците имаа можност да се запознаат со основите на првата помош и начините на кои можат да пружат помош на лице во незгода, односно како се прави преврска, како се спречува крвавење, што претставува срцево-белодробно оживување, што е бессознание и слично. Предавач на обуката беше д-р Билјана Јосифоска.
Поради моменталната ситуација, обуката се одвиваше online, осносно учесниците се вклучија преку платформата Zoom.






