декември 21, 2021

Обука по Прва помош за студенти од Медицинскиот факултет во соработка со ММСА

Во просториите на Медицинскиот Факултет се одржа работилница за стекнување на вештини со кои студентите од прва и втора година на насоката општа медицина ќе можат во импровизирани услови да пружат прва помош.
Акцентот беше ставен на ,,Bystander” – Прва помош каде што учеа како да обезбедат дишен пат, да пружат реанимација во повеќе услови, да отстранат страно тело при гушење и како да менаџираат пациент со астма.
По теоретскиот дел, имаше практичен дел во кој се обработија шест можни сценарија за реанимација: реанимација во кревет, реанимација на давеник, реанимација на лице со обилно крварење, давање инструкции на друго лице да прави реанимација, реанимација во тесен простор и реанимација по книга.
На работилницата земаа учество 20 студенти од прва и втора година, а предавач беше Димитар Тануровски.
 
< врати се назад