
февруари 11, 2022
Обука по Прва помош за волонтерите од Клубот на млади
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар продолжува со обуките по прва помош за различни целни групи, овојпат тоа беа волонтерите од Клубот на млади.
Обуката се реализираше на ден 10.02.2022 година во периодот од 19 до 20 часот. За време на обуката, преку која се опфатија основите на првата помош, 17 волонтери научија што претставува срцево-белодробно оживување, како да обезбедат слободен дишен пат, како самите да се заштитат доколку се најдат на местото на незгодата во која има повредени и што значи тријажа во такви услови.
Продолжуваме со обуките по Прва помош во Клубот на млади.



