
октомври 24, 2023
Обука по Прва помош за Здружение на студенти по медицина (ЗСМ)
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Здружение на студенти по медицина – ЗСМ на ден 20.10.2023 со почеток во 14.30 часот организираше работилница за укажување на прва помош при скршеници и посекотини.
За време на работилницата, студентите имаа можност да научат сопирање на крварење, имобилизација на затворени и отворени скршеници, имобилизација на скршеници на рака, нога и клучна коска и имобилизација при присуство на страно тело.
Продолжуваме со соработката.





