март 13, 2023

Обука за демонстратори по Прва помош

Десет волонтери од Клубот на млади на Општинска организација Центар земаа учество на обука за млади демонстратори по Прва помош. Обуката се реализираше на 11ти и 12ти март во просториите на Дневниот центар „Пролет“.
Обучените демонстратори ќе бидат активно вклучени во процесот на реализација на општинскиот натпревар по прва помош, на кој учество ќе земат екипи од основни и средни училишта на територија на општина Центар.
Младите демонстратори се здобија со практични вештини, како нивното знаење од областа на првата помош да го пренесат на екипите од училиштата кои ќе земат учество на натпреварите и како треба да изгледа натпреварувањето.
Обуката беше спроведена согласно насоките од Централната канцеларија на Црвен крст на РСМ, а на истата учество земаа и волонтери од Општинска организација Гази Баба и Општинска организација Карпош.
 
< врати се назад