ноември 30, 2021

Обука за користење на социјални медиуми за волонтерите од Клубот на млади

Во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ на 29.11.2021, во периодот од 19 до 21 часот, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар реализираше обука за волонтери и членови на Клубот на млади за користење на социјални медиуми.
За време на обуката, деветте учесници имаа можност да го разгледаат и да се запознаат со содржината на прирачникот насловен „Водич за користење на социјални медиуми“, како и со постерот со 12 правила за подобар имиџ на Црвениот крст.
 
Темите кои се обработуваа за време на обуката, како што се слобода на говор, говор на омраза, што претставуваат тие како поими и како да препознаеме говор на омраза на социјалните мрежи, развија длабока дискусија. Присутните споделија искуства, лични и туѓи, преку кои ја истакнаа важноста на брзото препознавање на говор на омраза, по што следеа препораки за негово избегнување.
 
Дополнително, волонтерите добија насоки за правилно фотографирање за време на активности и правилно пишување текстови за објава на социјалните медиуми, кои ги совладаа преку практична вежба.
 
Волонтерите се изјаснија дека обуката е многу корисна за сите и дека се задоволни што биле дел од истата.
 
< врати се назад