ноември 14, 2022

Обука за основи на Прва помош за вработените во градинката „13 Ноември“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Општина Центар, на 5ти и 12ти ноември 2022 година во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ спроведе три обуки за основи на Прва помош за негувателите и вработените во ЈУГД „13 Ноември“. Предавач на обуката беше д-р Билјана Димитриевска. На обуките земаа учество вкупно 51 слушател и истите имаа можност да се запознаат со основите на првата помош, да научат како да реагираат во дадени ситуации. Со оглед на тоа што станува збор за деликатна возраст, односно деца од 6 месеци до 6 години, за време на обуката беа опфатени теми со кои негувателките би можеле да се соочат за време на престојот на дечињата во градинката.

< врати се назад