ноември 12, 2019

Обука за Прва помош за бремени жени и млади мајки

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со Женски центар „АСТАРТА“, спроведе обука за прва помош за бремени жени, млади мајки и татковци. Обуката се одржа на 05.11.2019 и на истата имаше 27 учесници. Целта на обуката беше да се обучат младите мајки и татковци како да им укажуваат прва помош на своите бебиња и мали деца.

Предавач на обуката беше д-р Биљана Јосифоска која покрај теоретскиот дел, подетално на учесниците им даде и практичен приказ. Обуката помина со одличен успех, учесниците ја поздравија иницијативата за ваквиот тип предавања и пројавија желба за проширување на содржините на обуката. Поради огромната заинтересираност, овие обуки ќе продолжат да се спроведуваат и понатаму.

< врати се назад