
ноември 4, 2019
Обука за врснички едукатори во МладиХаб
Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со Општинските организации Кисела Вода и Карпош, спроведе обука за врснички едукатори.
Соработник беше и МладиХаб кои ни го отстапија својот простор за време на целата обука. Обуката се реализираше од 1ви до 3ти ноември и на неа учествуваа младинци над 16 години од Клубовите на млади при трите општински организации кои пројавија желба да станат врснички едукатори.
Обуката помина одлично и тренерот Софија Стојановска верува дека и оваа генерација врснички едукатори ќе има голем успех.