
септември 11, 2023
Обуки по Прва помош за наставници од основни училишта на територија на општина Центар
По повод Светскиот ден на Првата помош, Општинска организација Центар во соработка со Општина Центар додели потврди за наставниците од основните училишта кои беа учесници на обуки по Прва помош, кои се реализираа во месец март оваа година. Предавачи беа д-р Билјана Димитриевска и д-р Аленка Шопова Илиеска, а на обуките присуствуваа вкупно 77 наставници. Темите кои ги обработија беа со фокус на укажување на прва помош во рамки на училиштето и начини на постапување при евентуални повреди кај учениците.
Ова училишно полугодие ќе го посветиме на обука на ученици од сите 8 основни училишта на територија на општина Центар, кои ќе добијат основна обука по Прва помош.




