февруари 15, 2013

Од Црвен крст со љубов

Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп по повод „Св. Валентајн“-денот на вљубените, традиционално се подготвуваше со изработување на пригодни подароци. Клубот на млади одржа состаноци каде  што се генерираа идеи за изработка на подароци по тој повод. Овие состаноци беа доста продуктивни со што се дојде до идеја да се изработат срца од глина обоени во црвена боја пропратени со љубовни пораки. После изработката на овие подароци се реализираше и нивна продажба на 13.02.2013 преку поставување на штанд во центарот на градот, по претходно масовно информирање на младите со помош на социјалните мрежи.

Продажбата продолжи и на 14.02.2013 преку мобилни тимови на волонтери кои ги посетија кафулињата и пица рестораните во центарот на градот. Продажбата заврши успешно, срцата беа целосно распродадени така што ова е само уште една дополнителна мотивација на волонтерите за оваа активност да продолжи и наредната година, секако со различни идеи за ракотворби. Средствата кои беа собрани од оваа активност ќе бидат донирани согласно со потребите на целните групи во нашиот град. Интересот на младите за волонтерски ангажман, за креативност и инвентивност, а се со цел обезбедување на помош на ранливи групи се повеќе расте и во наредниот период акцентот ќе биде ставен токму на вакви активности.  Клубот на млади при Општинска организација на Црвен крст Прилеп продолжува во континуитет  со активностите кои опфаќаат креативни дејствија а се подобруваат капацитетите на ранливата популација и капацитетите на Општинската организација во волонтерски потенцијал.

< врати се назад