мај 17, 2010

Oдбележана “Неделата на борба против срцево-садовите заболувања”

Со цел подигање на нивото на свеста на населението, особено кај младата популација, за опасностите од ризик факторите за појава срцево-садовите заболувања и за значењето на здравиот начин на живеење, согласно календарот на акции и активности на Црвениот крст на Република Македонија, Општинската организација  на Црвен крст Велес ја одбележа “Неделата за борба против срцево-садови заболувања “ од 21 до 28 февруари 2010 година под мотото:  “Сочувајте го здраво Вашето срце и крвните садови”

Активностите почнаа на 19.02.2010 година  кога  претседателот на Секцијата д-р Милчо Трајков  имаше средба со локалните електронски медиуми при што ја запозна јавноста со активностите што ги презема Општинската организација на Црвениот крст, а зборуваше и за  “Ризик фактори во појава на кардио васкуларните болести”.

Во рамките на Неделата од страна на Претседателот на Секцијата за борба против срцево-садови заболувања при Општинската организација на Црвен крст Велес  беа одржани предавање за вработените од основното училиште “Кирил и Методиј”,  во средното училиште “Димитрија Чуповски” и за професионалните војници  во гарнизонот на АРМ во Велес.  
Предавањата беа проследени со голема заинтересираност на присутните. На истите беа презентирани  клучните пораки на СЗО за намалување на срцево-садовите заболувања. Притоа, беше потенцирано дека превенцијата е најдобриот начин за заштита од овие болести, а одговорноста е на самиот поединец кој треба да практикува здрави животни навики.

< врати се назад