ноември 13, 2024

Одбележување на празникот ”13 Ноември”

По повод 13 Ноември Денот на ослободувањето на Скопје, Здружението на пензионерите на Општина Центар Скопје, Активот на жени и Комисијата за култура, во соработка со Општина Центар беа домаќини на овогодинешната прослава под мотото „Симит и погача во срцето на Скопје”

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на покана на Здружението на пензионери учествуваше на настанот со поставување на касичка за собирање на доброволни прилози кои ќе се искористат за подготовка на семејни пакети со храна за социјално загрозени семејства на пензионери кои живеат на територија на Општина Центар.

< врати се назад