мај 18, 2012
Одбележување на 10 годишнина
По повод одбележувањето на 10 годишнината од постоењето на Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ беа реализирани повеќе активности. Изготвени беа флаери кои се дистрибуираа низ градот од страна на волонтерите. Поддршката од страна на граѓаните за децата со посебни потреби резултираше и со парични средства од кои ќе се изврши набавка за потребите на Дневниот центар.