Одбележување на 3 Декември „Светскиот ден на лицата со посебни потреби“
Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп го одбележа 3 Декември,Светскиот ден на лицата со посебни потреби. Активностите кои ги спроведе Клубот, одбележувајќи го овој ден беа креативните работилници во просториите на Здружението на лица со посебни потреби ,,Порака’’. Волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Прилеп цртаа, боеја и се дружеа заедно со децата со посебни потреби но и повозрасните. Низ смеа, радост и искрена дружба минаа миговите поминати во ова здружение. Клубот на млади како нераскинлив дел од Црвен крст Прилеп продолжува со имплементација на активностите поврзани со оваа целна група, кои се случуваат во текот на целата година.
Помеѓу волонтерите и штитениците се роди една голема нишка на искрено пријателство и радост така што волонтерите се секогаш пречекувани со широки и топли детски насмевки, но и со голема љубов. Во наредниот период ја продолжуваме нашата хумана мисија за помош на секое лице кое има потреба, но исто така тука сме и за да ги бришиме бариерите на стигмата и дискриминацијата кон ранливите целни групи, како што е и оваа.