Одбележување на 3 Декември „Светскиот ден на лицата со посебни потреби“
По повод 3-ти Декември Светскиот ден на лицата со посебни потреби беше организирана пригодна програма од страна на Дневниот центар за деца со посебни потреби ,,Ѕуница’’, при што беа поканети сите партнери во текот на годината кои го помагаат и поддржуваат на некој начин овој центар. Волонтери од Општинската организација на Црвен крст Прилеп беа вклучени во логистиката на оваа програма со што на крајот заедно со децата од Дневниот центар го прославија овој посебен ден.
Како гости на оваа приредба беа присутни градоначалникот на општина Прилеп, претседателот на Советот на општина Прилеп, претставничка од Комерцијална банка АД Скопје и многубројни претставници од корпоративниот сектор и јавниот сектор. За програмата се погрижија децата од основното училиште ,,Кире Гаврилоски-Јане’’ од Прилеп, но исто така и со свои песнички се претставија и штитениците на Центарот. Учесниците со задовлство и насмевки внимателно ја следеа програмата така што не изостанаа и големиот број на аплаузи кои што децата ги направија многу среќни. Оваа приредба се одржува секоја година со цел да им се оддаде признание на сите оние кои соработуваат со Дневниот центар но исто така ова е една прекрасна шанса децата да го покажат она што го научиле во текот на годината. Целата оваа активност беше медиумски покриена од страна на регионалната телевизија Канал Визија.