март 28, 2020

Одбележување на Часот на планетата Земја 2020 #EarthHourMK

Како и секоја година, традиционално волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар се вклучија во одбележување на Часот на планетата Земја.
Оваа година поради настанатата ситуација со коронавирусот поради која не можеме да излеземе од домовите, на 28.03.2020 волонтерите во своите домови, заедно со нивните семејства, се вклучија во акцијата.
Со изгаснати светла и запалени свеќи поминаа еден час во чест на нашата планета.

#СедимеДома и одбележуваме #EarthHourMK 🌍❤️

  

< врати се назад