септември 27, 2021

Одбележување на ЦКА-ПХВ недела 21-27 септември

Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во склоп на ЦКА-ПХВ неделата, која се одбележува од 21-27 септември, ја употребија својата креативност и умешност и поминаа многу часови од своето слободно време во изработка на друштвени и online игри. Младите изработија 3 друштвени игри со наслов „Сложи, па волонтирај“, „Како да станам волонтер?“ и „Меморија“, како и online играта насловена „Кој сака да биде волонтер?“.
 
Сончевото саботно пладне на 25.09.2021 беше одлична можност за волонтерите од Клубот на млади да ги играат овие игри кои опфаќаат теми поврзани со дисеминација, промоција на хумани вредности и промоција на добрите дела во заедницата.
 
Со нетрпение очекуваме овие игри да ги играат уште поголем број младинци бидејќи се навистина интересен начин на дружење и учење преку игра.
 
< врати се назад