Одбележување на „Денот на младите“
Клубот заедно со Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп, Ориентационен клуб „Златоврв“ – Прилеп, женскиот ракометниот клуб „Филип 107“, Клубот на млади играорци „Моминок“ и локални младински организации од Прилеп, во организација на Коалиција на младински организации СЕГА го одбележа Денот на младите со уникатна активност- флеш моб.
Активноста се состоeше од тоа што голем број на млади формираа голем прашалник во центарот на Прилеп како симбол на Европската кампања „Право на младинско Информирање – Отворено прашај!“ и како симбол на сите прашања кои младите ги имаат низ Европа. Овој флеш моб се одржа во 12 часот во Сабота на 11.08.2012 година и им го привлече вниманието на граѓаните. Како резултат од оваа активност ќе биде снимен и краток филм со пораката „Young people are asking” кој ќе се прикажува на медиумите и исто така ќе бидат достапен на нашите веб страни и на веб страната од Европската кампања www.informationrightnow.eu. Со оваа активност Клубот на млади при Општинска организација на Црвен крст Прилеп уште еднаш докажа дека ги следи промените и потребите на младите на локално ниво.