април 28, 2014

Одбележување на Денот на планетата Земја

По повод Денот на планетата Земја волонтерите од Општинската организација на Црвен крст Прилеп во склоп на проектот „Подобрување на социјализацијата кај децата со посебни потреби“ реализираа низа на еколошки активности. Во овие активности беа вклучени 7 волонтери, 15 деца со посебни потреби и 4 вработени во Дневниот центар Ѕуница.

Волонтерите заедно со децата поседуваа цвеќиња, го уредуваа дворот околу центарот и играа игри од забавен карактер.
Со помош на овие активности кај децата се влијаеше врз подигањето на еколошката свест и потребата од зачувување на средината во која живееме. Исто така постојаната комуникација и дружењето позитивно влијае врз развојот на нивните комуникациски вештини а сето тоа е дел од процесот на социјализацијата.

Овие активности исто така имаа и функционални цели и задачи поврзани со природата и тоа да ја воочуваат, идентификуваат и класифицираат природата  како жива, нежива и изменета според некое обележје; да ја објаснуваат разликата меѓу живата и неживата природа преку биолошки одлики.

< врати се назад