Одбележување на “Денот на планетата земја”
На ден 23.04.2012 година по повод Денот на планетата Земја, Клубот на млади при Општинска организација на Црвен крст Прилеп заедно со Центарот за деца со посебни потреби ,,Ѕуница’’ ја реализираа акцијата за расчистување и разубавување на дворната површина околу Центарот. Оваа активност е дел од Локалниот акционен план за деца со посебни потреби за 2012 година.
На оваа акција децата беа пресреќни што повторно имаа можност да се дружат со волонтерите на Црвениот крст а исто така и волонтерите не го криеја задоволството да работат и да се дружат со штитениците на Центарот.
Целата активност помина во акцентот на една голема синергија која е резултат на дологорочната соработка во најразличните активности кои што ги спроведува Општинската организација на Црвен крст Прилеп со своите волонтери заедно со персоналот но и децата од Дневниот центар.