јуни 11, 2012
Одбележување на “Денот на згрижувачките семејства”
Со цел да им се искаже благодарност но истовремено и да се партиципира во поквалитетно воспитание, О.О. Црвен крст Прилеп во содејство со Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ организира едукативно-интерактивна работилница за згрижувачки семејства од општина Прилеп. Елаборираните теми на работилницата беа: „Самопомош и поддршка на згрижувачите“ и „Прва помош во домашни услови„. Едукаторите беа обучени специјалисти од волонтерската палета на О.О. Црвен крст Прилеп.
Одзивот беше голем со позитивен фидбек од партиципиентите. А, самиот настан доби одек во широката јавност локалните ТВ медиуми.