јануари 18, 2013

Одбележување на „Денот за безбедност на планина“

Општинската организација на Црвен крст Прилеп а воедно и Клубот на млади традиционално го одбележаа 15 Јануари – Денот за одбележување на безбедноста на планина. Црвен крст Прилеп во соработка со планинарското друштво„Златоврв“ од Прилеп на ден 15.01.2013 направија марш до манастирот Трескавец кој се наоѓа веднаш под врвот ,,Златоврв’’ ( Златно јаболко) по кое е и именувано планинарското друштво. Волонтерите од Општинската организација на Црвен крст Прилеп како и членовите на ,, Златоврв‘’ поминаа два дена во дружба во манастирот но исто така и беа учесници на предавањето за безбедност на планина.

Волонтерите покажаа огромен интерес на оваа тема и изразија желба за повеќе активности кои ќе бидат поврзани токму во оваа насока, односно безбедноста на планина. Од овие активности Општинската организација на Црвен крст Прилеп, врз основа на потребите на ова поле ќе ги креира и планира активностите кои ќе се одвиваат на темата безбедност на планина. Исто така при оваа активност се опфатија теми како што се прва помош во планински услови, справување со пожари, искачување и различни техники како на планинарење така и на искачување. Црвен крст Прилеп во континуитет продолжува со успешната реализција на активности поврзани со сите датуми за одбележување кои се веќе предвидени во календарот на активности на Црвен крст на Република Македонија.

< врати се назад