мај 15, 2014

Одбележување на годишнината од Дневниот центар за деца со посебни потреби ,,Ѕуница’’

Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ Прилеп на 15-ти Мај  ја одбележа 12-годишнината од своето постоење и работа со оваа целна група. Од страна на Дневниот центар беше приредена мала прослава со цел одбележување на овој ден а 4 волонтери од општинската организација на Црвен крст Прилеп дадоа логистичка поддршка за време на настанот со што ја продолжија дружбата со корисниците после тоа.

Оваа прослава беше посетена и од Градоначалникот на општина Кривогаштани, и локалниот советник за образование. На детските лица се забележа неизмерна среќа и радост од овој настан на кој што имаа можност да покажат дел од работите кои ги научиле на гостите и на волонтерите. Општинската организација на Црвен крст Прилеп продолжува со континуирано спроведување на активностите со различни ранливи категории и е отворена за соработка со различните невладини организации од градот.

< врати се назад