декември 2, 2014

Одбележување на Меѓународен ден на борба против ХИВ/СИДА 01.12.14

Под мотото Спречи ! Заштити се ! Информирај се !
Клубот на Млади на Општинска Организација на Црвен Крст Центар во соработка со Стоматолошки студентски парламент, ЕМСА и невладината организација ХЕРА, заедно го одбележаа Меѓународниот ден на борба против ХИВ / СИДА. За таа цел во понеделник на 01.12.2014, пред влезот на Универзитетскиот Стоматолошки Клинички Центар „Св.Пантелејмон“ – Скопје беше поставен информативен штанд на кој студентите , случајните минувачи и граѓани имаа шанса подобро да се информираат за ХИВ и Сидата како болест, да се запознаат со тоа како подобро да превенираме и како да се заштитиме самите и на истите им беа поделени информативни материјали и закачени панделки како знак дека се приклучуваат во борбата против оваа сексулано пренослива инфекција. Штандот се одржа во периодот од 10 – 16 часот и истиот го реализираа волонтерите од Клубот на Млади и студенти од Стоматолошкиот Студентски Парламент поделени во три смени. Акцијата помина во најдобар ред и ваквата соработка ке продолжи и во иднина.

< врати се назад