
Одбележување на Недела на забоздравствена заштита 15-21 декември
Секоја година, во периодот од 15-ти до 21-ви декември, Црвен крст на Република Северна Македонија ја одбележува Неделата на забоздравствена заштита, за време на која се посветува внимание оралното здравје.
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар оваа година ја одбележа Неделата преку интересна активност за најмалите во училиштето ООУ „Димитар Миладинов“, односно дечињата од прво и второ одделение.
Волонтерката Анастасија Србиновска Божинова подготви интересни и едукативни изработки во вид на емоџи човечиња со заби, со цел учениците правилно да научат како се мијат забите. Сетовите кои ги добија учениците беа составени од едно емоџи човече и четка за заби. Освен што оваа активност е од едукативен карактер, исто така беше и забавна за дечињата кои навистина уживаа додека ги совладуваа вештините за правилно четкање на забите.
Учениците со огромна посветеност ја завршија задачата.