декември 11, 2012

Одбележување на „Неделата на борба против ХИВ/СИДА“

Во склоп на одбележувањето на Светската недела на превенција од  ХИВ/ СИДА (1-7 Декември) Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп реализираше серија на активности кои ја одбележаа оваа недела. Секоја година традиционално Клубот на млади со своите активности се труди да ја анимира младата популација во врска со оваа тема, но исто така и да ја подигни свеста и да ги рашири информациите на оваа тема. Како прва активност беше дистрибуцијата на презервативи и пропагнден материјал поврзан со ХИВ/СИДА во центарот на градот точно на 1 Декември (Светскиот ден на борба против ХИВ/СИДА).

Оваа активност беше реализирана во соработка со Центарот за јавно здравје Прилеп така што на штандот беа присутни Директорот на Центарот за Јавно здравје и началникот на одделението кој што воедно работи и во ХИВ советувалиштето во Центарот. Активноста беше и медиумски покриена од страна на локалната ТВ Канал Визија. Во текот на оваа активност беа дистрибуирани 500 презервативи. Наредната активност на Клубот на млади беа едукациите за превенција од ХИВ/СИДА кои беа спроведени во средните училишта низ градот но исто така и една едукација беше спроведена во рамките на Клубот и беше наменета за сите нови волонтери во Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Прилеп. На крајот неделата беше крунисана со забава во локалното кафуле АРТ каде што се дистрибуираа презервативи и беше одбележан крајот на „Неделата за борба против ХИВ/СИДА“.  Сепак едукациите кои ги прави Клубот на млади преку своите врснички едукатори на оваа тема не траат само за време на оваа недела туку тие се спроведуваат континуирано во текот на целата година и со овие едукации се опфаќаат генерациите кај кои не се имплементирале овие едукации се со цел да имаме млади луѓе кај кои е подигната свеста за оваа тема така што се работи на спречување на дискриминацијата кон луѓето кои што живеат со ХИВ.

 

< врати се назад