октомври 4, 2013

Одбележување на „Неделата на млади“

Општинската организација на Црвен крст Прилеп по повод неделата на млади на Црвен крст на Репбулика Македонија  која се одвива од 1-7 Ноември, организираше коктел на кој беа поканети сите волонтери кои се дел од Црвен крст Прилеп и се имплементатори на голем број на активности. На овој коктел исто така беа поканети  гости и соработници кои пројавија интерес за волонтирање во организацијата.
Ова станува  традиционално одбележување на неделата на млади со што Црвен крст Прилеп укажува на важноста на волонтерите кои всушност претставуваат моторот на организацијата, и се важен дел од многу активности кои ги реализира Црвениот крст. Овој настан исто така претставува дел од алатките кои општинската организација на црвен крст Прилеп ги користи за имплементација на системот на награди и признанија за волонтерите.
Младите и понатаму ќе земаат активно учество во активностите кои се реализираат на терен со цел помош на ранливите целни групи, но и ќе даваат идеи како истите да се надградат.

Општинската организација на Црвен крст Прилеп по повод неделата на млади на Црвен крст на Репбулика Македонија  која се одвива од 1-7 Октомври, организираше коктел на кој беа поканети сите волонтери кои се дел од Црвен крст Прилеп и се имплементатори на голем број на активности. На овој коктел исто така беа поканети  гости и соработници кои пројавија интерес за волонтирање во организацијата.

Ова станува  традиционално одбележување на неделата на млади со што Црвен крст Прилеп укажува на важноста на волонтерите кои всушност претставуваат моторот на организацијата, и се важен дел од многу активности кои ги реализира Црвениот крст. Овој настан исто така претставува дел од алатките кои општинската организација на црвен крст Прилеп ги користи за имплементација на системот на награди и признанија за волонтерите.  Младите и понатаму ќе земаат активно учество во активностите кои се реализираат на терен со цел помош на ранливите целни групи, но и ќе даваат идеи како истите да се надградат.

< врати се назад