Одбележување на „Неделата на промоција на хумани вредности“
По повод Неделата на промоција на хумани вредности (ПХВ) која се одржа од 21-27 Септември, Клубот на млади при ООЦК Прилеп организираше театарска хуманитарна претстава со наслов ,, Погоди кој доаѓа на вечера’’. Претставата се одржа во Дом на култура ,,Марко Цепенков’’ каде беа присутни 600 лица. Оваа претстава беше дел од претставите кои се одржуваа ширум нашата држава.
Целта на оваа претстава е да се покаже дека нема простор за дискриминација по било кој основ а посебно акцентот беше ставен на етничките заедници затоа што се залагаме за мултиетничко опшество. Собраните средства од претставата ќе бидат донирани за една целна група која ќе биде дефинирана откако ќе завршат реализациите на сите претстави во сите градови.Претставата помина во најдобар ред, освен граѓаните, беа поканети и соработниците и целните групи со кои работи Општинската организација на Црвен крст Прилеп со цел да се сензибилизира јавноста со темата на претставата. Главен фокус се стави на средношколците кои беа и најмасовни. Низ целата претстава низ доза на хумор, актерите успеаја да ја пренесат од различни аспекти од темата на претставата. На крајот, претставата заврши со силни овации, насмевки и задоволни изрази на нивните лица. Актерите се почувствуваа исполнето поради фактот дека дале значаен допринос во менувањето на свеста на голем број на граѓани на еден ваков масовен евент.