Одбележување на „Неделата на солидарност“
По повод ,,Неделата на солидарност‘’ 23-29.04.2012 година Клубот на млади при ООЦК Прилеп се приклучи кон собирната акција од врата на врата со цел да се соберат парични средства во вид на доброволен прилог од страна на граѓаните. Волонтерите се поделија на 9 тимови со цел да се опфатат сите поголеми населби во градот. Населби кои беа опфатени со оваа акција се: ,,Димо Наредникот’’, ,, Точила’’, ,,Табана’’, ,,Бончејца’’, ,,Касарни’’, населбата околу Болницата , ,,Типски’’, ,,Центар’’, ,,Рид’’. Во текот на оваа акција беа посетени 1000 семејства кои несебично ја покажаа својата хуманост и дадоа доброволен прилог со надеж дека ќе и се помогне на целната група за кого и беше наменета оваа акција.
Во овие активности беа вклучени 29 волонтери- членови на Клубот на млади. Волонтерите со задоволство учествуваа во оваа акција која е традиционална и поголемиот дел од нив имаат веќе искуство со оваа акција. Доброволно се пријавија да бидат и тим лидери така што и новите членови кои беа дел од оваа акција го добија потребното искуство за акцијата за наредната година.