Одбележување на Светскиот ден на волонтеризмот
По повод Светскиот ден на волонтерите 5-ти Декември, Општинската организација на Црвен крст Прилеп организираше традиционален коктел за своите волонтери како знак на почит и признание за нивниот ангажман и придонес во реализирањето на активностите на организацијата. На овој коктел беа присутни 32 волонтери.
Целта на овој коктел беше дружење и разменување на волонтерски искуства, при што волонтерите учеа едни од други. Општинската организација на Црвен крст Прилеп на чело со стручната служба се залага за овозможување на позитивна атмосфера за градење и реализирање на младинскиот волонтерски дух бидејќи истиот е многу важен за понатамошно успешно функционирање на самата организација. Овој настан секогаш буди чувство на задоволство кај волонтерите бидејќи знаат дека се почитувани и сакани во организацијата и дека нивното време кое е скапоцено е ценето од страна на Општинската организација. Коктелот заврши со заклучокот дека треба да се продолжи со исто темпо со цел успешна реализација на активностите кои ги имплементира Црвен крст Прилеп.