
Огромен интерес за освежителните обуки по прва помош
Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар, продолжува со обуките за освежување на знаењата по прва помош за возачи. Повторно учесници во обуката ни беа наставниците од ООУ „Димитар Миладинов“. Интересот за слушање на овие обуки е сѐ поголем, што е одличен резултат на кампањата за прва помош под мотото „Твоето незнаење чини живот“. На обуките се пријавуваат сѐ поголем број граѓани што нам нѐ прави исклучително среќни бидејќи тоа е доказ дека свеста се зголемува. Обуките ќе продолжат да се спроведуваат и понатаму, сѐ со цел да имаме што поголеми резултати, што поголема свест и што повеќе обучени граѓани по прва помош.
Биди и ти дел од освежителната обука за прва помош и пријави се, бидејќи ТВОЕТО НЕЗНАЕЊЕ МОЖЕ ДА ЧИНИ ЖИВОТ!