
април 27, 2020
Онлајн предавање и дискусија на тема: “СПРАВУВАЊЕ СО АНКСИОЗНОСТ И ПАНИЧНИ НАПАДИ“

На ден 24.04.2020 година, со почеток во 18:30 часот, волонтерите “се сретнаа“ на онлајн платформа на којашто ја разработија темата “Справување со анксиозност и панични напади“. Предавањето беше спроведено од страна на нашата волонтерка Ивона Пауновски, која е дипломиран психолог и работи како воен психолог. По претходно спроведена анкета, од страна на волонтерите беше одбрана токму оваа тема од причина што е актуелна, интересна и ги засега најмногу во овие моменти кога се затворени дома во најголемиот дел од денот и движењето им е ограничено.
Во час и половина се зборуваше за значењето на анксиозноста и паничните напади, нивно препознавање и начини на справување, по што дел од волонтерите споделија и лични искуства или искуства на нивни блиски.
Оваа средба, освен што беше од едукативен карактер, исто така беше и одлична прилика за меѓусебно запознавање, дружење и почеток на нови пријателства!
Следната средба е веќе закажана, а волонтерите со нетрпение очекуваат да дознаат нешто повеќе, нешто ново и нешто интересно.
Општинска организација Центар ви посакува убав и пријатен викенд!