
мај 29, 2020
Онлајн средба на волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар
Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 28.05.2020 во периодот од 18:00 до 19:30 часот, се вклучија на уште една онлајн средба на платформата Webex.
Оваа средба беше редовен состанок кој го искористивме за да дискутираме кои им се интересите на волонтерите и за што сакаат да разговараме во понатамошните средби. Целта на состанокот беше подигнување на мотивацијата кај волонтерите.
Исто така, одвоивме време да ги разгледаме резултатите од квизот кој го спроведовме во Клубот на млади кој се состоеше од прашања од општа дисеминација. Можеме со сигурност да кажеме дека волонтерите одлично ја познаваат организацијата и нејзината историја!
Продолжуваме и понатаму со нови и интересни содржини за младите!
