јуни 23, 2020

Онлајн врсничка едукација во Клубот на млади на тема “Болести на зависности“

Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар се вклучија на уште една онлајн средба на платформата Webex, овојпат врсничка едукација.

 

Ден на одржување: 18.06.2020

Времетраење: 18:00 – 20:00

Локација: платформа Cisco Webex Meetings

Тема: Болести на зависности

Врснички едукатори: Гордана Петковска и Анастасија Србиновска Божинова

Број на учесници (волонтери): 17

 

За време на едукацијата, волонтерите од Клубот на млади научија нешто повеќе за видовите на зависност и преку интеракција ги искажаа своите мислења, ставови и искуства и донесоа заеднички заклучоци на темата.

< врати се назад