октомври 19, 2021

Online едукација по повод Недела на борба против шеќерна болест 10-16 октомври

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар реализираше едукација на тема “Здрави животни навики и дијабетот” на ден 18.10.2021 година во периодот од 18 до 19 часот.
 
Предавач на едукацијата беше д-р Аленка Шопова, која е долгогодишен волонтер во Општинска организација Центар, а учесници беа членови на Советот на родители од ООУ “Димитар Миладинов”.
 
Учесниците имаа можност да се запознаат со видовите дијабет, неговата превенција и начините на препознавање рани симптоми. Едукацијата заврши со дискусија преку споделување искуства.
 
 
 
< врати се назад