февруари 24, 2022

Online врсничка едукација на тема „Превенција од болести на зависност“

Врсничките едукатори од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар реализираа online врсничка едукација на тема „Првенција од болести на зависност“ со акцент на зависностите од цигари и алкохол. Едукацијата ја спроведоа во ООУ „Кирил и Меториј“ на ден 23.02.2022 (среда) со почеток во 12 часот.
 
На едукацијата се вклучија 16 ученици кои се запознаа со штетноста на зависностите, начините на превенција и ефектите кои тие ги имаат врз човековото здравје.
 
Продолжуваме и понатаму со интересни и едукативни содржини за младите.
 
< врати се назад