
мај 22, 2023
Општински натпревар по прва помош 
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар го реализираше Општинскиот натпревар по Прва помош на ден 20.05.2023 година (сабота). На општинскиот натпревар земаа учество вкупно 13 екипи, односно 8 екипи во категорија подмладок (основни училишта) и 5 екипи во категорија младина (средни училишта).






Голема благодарност до младинските демонстратори за успешната подготовка на екипите по прва помош кои ќе продолжат со нивна подготовка за градското и државното натпреварување, како и до судиите кои помогнаа натпреварот да се реализира согласно дадените упатства.
Им посакуваме многу среќа и успех на натпреварувачите!








