Општински натпревар по прва помош
Пехари за најуспешните
Општинската организација на Црвен крст – Центар, на 13.05.2015 година, во дворот на ОУ „ Димитар Миладинов“ , го одржа 37-от натпревар на екипите по прва помош. На натпреварот земаа учество 12 екипи , од кои 6 од категорија на подмладок и 6 од категоријата на младина. Како 13 екипа на натпреварот ревијално настапи екипата на општинската организација која минатата година освои прво место на Државниот натпревар по прва помош и која оваа година, ќе го претставува националното друштво на Европски натпревар по прва помош. Екипите работеа на три пункта со по три повреди и го остварија следниот пласман , по категории:
Подмладок:
1 место ООУ„Димитар Миладинов“
2 место ОУ„Ј.Х. Песталоци“
3 место ОУ„Кочо Рацин” екипа 2
Младина
1 место СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ екипа 2
2 место СУГС “Јосип Броз Тито”
3 место СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ екипа 1
Општинската организација Центар им честита на сите натпреварувачи за учеството на натпреварот а воедно и посакува успех на подмладокот кои ќе не претставуваат на градскиот натпревар по прва помош и на победникот од категоријата младина кој ќе не претставува на државниот натпревар по прва помош.