
Општински натпревар по Прва помош 2025
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на ден 26.04.2025 организираше Општински натпревар по Прва помош за учениците од Основните и Средните училишта на територија на Општина Центар.Натпреварот заради временските услови се одржа во просториите на ДХО – Даре Џамбаз.
На натпреварот зедоа учество вкупно 15 екипи, 9 екипи од категоријата подмладок и 6 екипи од категоријата младина. Натпреварувачкиот дел помина во позитивна и професионална атмосфера, одлична организација и незаборавно дружење помеѓу младите.
Најуспешни во категоријата Подмладок:
ООУ. Гоце Делчев
ООУ. 11 Октомври
ООУ. Јохан Х. Песталоци
Најуспешни во категоријата Младина:
СМУГС. Др Панче Караѓозов Македонска паралелка
СМУГС. Др Панче Караѓозов Албанска паралелка
ПСУ. Алгоритам
















