јуни 2, 2010

Општински натпревар по прва помош

Црвен крст Прилеп го одржа општинскиот натпревар по прва помош. На натпреварот учество земаа 9 екипи во конкуренција на подмладок од основните училишта на општина Прилеп и општина Кривогаштани и пет екипи во конкуренција на млади.
Екипите работеа на три работни места со по три повредени каде ги покажаа своите знаења. Првопласирана екипа од подмладокот беше екипата на О.О.У. “Кочо Рацин” додека во млади С.О.У “Мирче Ацев” двете екипи ги освоија максималните можни поени за прв пат во спроведувањето на натпреварите. За првопласираните екипи Општинската организација на Црвен крст Прилеп како подарок за училиштата обезбеди ранци за прва помош.

< врати се назад