мај 26, 2011

Општински натпревар по прва помош

По двомесечниот период на едукација и обука на сите заинтересирани ученици и наставен кадар Општинската организација на Црвен крст  Прилеп ги одржа Општинските натпревари по прва помош.
На натпреварот учество земаа 13 екипи, првопласирана екипа во категоријата на подмладок беше екипата на Основното училиште “Кочо Рацин” додека во категоријата на млади екипата на училишниот центар “Мирче Ацев”. Натпреварите поминаа со огромен ентузијастички и натпреварувачки дух, во одличната природна атмосфера, а Општинската организација на Црвен крст Прилеп се потруди да ги награди прво пласираните. Покрај остварување на главната цел обучување на младите за прва помош, беше остварена и дополнителната мисија иницирање на волонтеризмот кај младите.

< врати се назад