мај 15, 2012
Општински натпревар по прва помош
На 12.05.2012 година во паркот на ООЦК Прилеп се одржа општинскиот натпревар по прва помош во кој зедоа учество 11 екипи на подмладок и 5 екипи од младина. Со голем ентузијазам во одлична натпреварувачка атмосфера екипите го покажуваа стекнатото знаење. Во категоријата на младина победи екипата на гимназијата „Мирче Ацев“, а додека во категоријата на подмладок имаше две победнички екипи и тоа екипата од О.О.У.„Климент Охридски“ и екипата од О.О.У.„Кочо Рацин“. За победничките екипи беа обезбедени симболични награди како и дипломи за освоено место на учесниците.