Општински натпревар по прва помош
Општинскиот натпревар по прва помош е настан кој служи за промоција и унапредување на првата помош во рамките на населението со цел да се разбери важноста на првата помош која спасува нечиј живот. Натпреварот се одржа на 10.05.2014 година на кој зедоа учество 20 екипи од сите средни и основни училишта од градот и околните општини кои ги покрива општинската организација на Црвен крст Прилеп.
Првото место во категоријата на средни училишта го освои првата екипа од гимназијата ,,Мирче Ацев” . Во категоријата подмладок односно основни училишта, првото место го делеа ООУ ,,Кире Гаврилоски-Јане” и ООУ,,Кочо Рацин”. Општинскиот натпревар по прва помош организиран од општинската организација на Црвен крст Прилеп се организира традиционално, а овој пат беше вметнат како настан кој се организира во текот на одбележувањето на неделата на Црвен крст и Црвена полумесечина.