
Оскари на хуманоста
Втора година по ред Црвен крст на град Скопје организираше манифестација ” Оскар на хуманоста” која е во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина 8 Мај. На оваа манифестација се доделија награди – оскари за општествена одговорност на корпоративниот сектор, поединции и образовни институции кои преку својот личен пример мотивираат, поттикнуваат и се вистински двигател за промоција на општествена одговорност.
Како претставници на Општинска организација Центар оскар на хуманоста доби Приватното средно училиште ” Алгоритам “. Ова училиште е долгогодишен соработник на Општинска организација Центар за најразлични активности кои се реализираат со голем ентузијазам и желба за личен придонес на младите во заедницата, промени кои водат до поголем просперитет, лицен раст и развој.
Посакуваме уште многу заеднички активности во иднина кои ќе донесат позитивни промени, стекнување на нови знаења, вештини кои овие млади луѓе ќе ги насочат кон оние на кои помошта им е најпотребна.


