април 8, 2022

Освежителна обука за екипите по прва помош од СУГС „Јосип Броз – Тито“ и СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на 08.04.2022 во периодот од 10 до 11 часот просториите на ДХО „Даре Џамбаз“, реализираше освежителна обука наменета за средношколските клубови по прва помош на територијата на општина Центар.
На обуката, учество земаа вкупно 12 ученици од СУГС ,,Раде Јовчевски – Корчагин“ и СУГС „Јосип Броз – Тито“.
Предавањето се одвиваше со практични примери и се обработија темите како што се повреди при спортски натпревари, повреди во секојдневниот живот, пад по скали и дискусија за добивање согласност за добивање помош од страна на повредениот.
Продолжуваме со освежителни обуки и со другите екипи по прва помош.
 
< врати се назад