
март 25, 2022
Освежителни обуки за екипите по прва помош од средните училишта
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на 23.03.2022 во просториите на Центарот за Прва Помош при ЦКГС реализираше освежителна обука наменета за средношколските клубови по прва помош на територијата на општина Центар.
На обуката, учество земаа 6 ученици од СМУГС ,,Д-р Панче Караѓозов’’ и 4 ученици од ДУФК ,,Методија Митевски Брицо’’.
Предавањето се одвиваше со практични примери, при што се обработија темите:
-Падови од скали и проверка за други повреди
-Дискусија за добивање согласност од страна на повредениот за помош
-Повреди при спортски натпревари
-Повреди при секојдневен живот
Продолжуваме со освежителни обуки и со другите екипи по прва помош.

